Erepublik

0 коментари


Се работи за browser game во која играчот се става во улога на граѓанин на една држава (си бира која). Почнувате така што си барате работа, се вработувате, треба да работите секој ден. Со секое работење се зголемува skill-от по што откако ќе достигне одредено ниво, може да се пријавите за повисоко работно место, што значи и повисока плата. Освен што може да работите, секој ден можете да тренирате со војската и со тоа да си зголемувате strength, што многу е битно во случај на војна.
Битно е да се напомене дека со секое работење или тренирање ви се намалува wellness, кој се зголемува со јадење на храна. Сите овие активности (работење, тренирање, јадење) носат по 1 experience point, кои служат за фаќање левел. Со секој кренат левел имате можност да правите нешто ново, како на пример да се зачлените во политичка партија, да отворите своја фирма итн.

Можете да се кандидирате за претседател, за парламент каде што се донесуваат таксите пример за храна колкава да биде за увоз итн, или пак за претседател на партија, еве како изгледаат изборите сите граѓани над 6-ти левел имаат право на глас.



Најинтересно е што можете да креирате онлајн весник каде што можете да пишувате околу играта, пример битките во војните, политички активности, да објавите кандидатура, да ја критикувате власта итн.
Ако кликнеме на нив можете да гласаме за артиклот, да коментираме, или пак да се претплатиме кога ќе има следен број да ни стигне известување.



Еве како изгледа профилот:


На сликата можете да забележите валута (50 RUB) руски пари кои ги зимам што работам за компанијата, подоле куќа и храна кои даваат секој ден сила, оружје, карта ако сакам да се преселам во друга држава/регион итн. Исто така подоле ќе забележите некои медали се бели а некои златни (жолти) сега ќе ви ги објаснам почнувајки од лево кон десно, (1) медал кој го добивате ако работите 30 дена по ред добивате медал за вреден работни,јас имам 4 такви, (2) ако земете место во парламентот, јас имам 2, (3) претседателски медал го немам добиено ни еднаш до сега, (4) медал кој го добивате ако имате повеќе од 1000 играчи претплатено на вашиот весник, јас го имам еднаш, (5) Батл херо медал ако имате направено најголема штета во битка јас го имам 2 пати, (6) Медал кој во го даваат ако ослободите некој регион пример покренувате ослободителна битка во некој регион што е окупиран и на играчите кои живеат во таа држава им дава опција да се борат за тие што ослободуваат или тие што бранат, кој ќе направи повеќе штета тој победува али таа медала е тешко да се земе, (7) Доколку поминете 5 стрејнџ левели ви даваат таква медала јас имам 2, зошто имам преку 11 стрејн, и последната (8) е доколку поканите 10 пријатели и тие постигнат 6-ти левел, јас имам покането преку 30 играчи и нормално имам 3 медали.

Проблем е што Македонија не е сеуште додадена но ни требаат повеќе играчи се надеваме дека наскоро ќе не додадат, моментално сме околу 300 играчи колку за споредба Грција има 6500 граѓани, Србија 13000 граѓани, Америка 20.000+ граѓани, Бугарија 800 граѓани, Албанија, Косово, Црна Гора не се додадени сеуште како и нас.
За почеток регистрирајте се во Русија, Калинград каде што имаат добра економија добри плати итн, ако сакате да се регистрирате по можност регистрирајте се преку мојот реферал линк кој ќе го оставам на профил да земам уште еден повеќе медал.


Корисни линкови за почетниците:

- Водич
- Официјален македонси ерепублик форум
- Како правилно до 5-ти левел ?

И секако регистрирајте се на IT форумот и посетете ја темата каде што можете да пишете доколку ви треба помош околу играта.
 
BloggerTheme by BloggerThemes | Design by 9thsphere